Дома Фудбал И најголемите ѕвезди го слушале Бразилецот: Артур утрово одржал говор (ВИДЕО)

И најголемите ѕвезди го слушале Бразилецот: Артур утрово одржал говор (ВИДЕО)

Артур Мело имаше прилично исполнет викенд. Во саботата беше во Виго, а во неделата правеше медицински прегледи во Торино.

Откако одигра неколку минути во ремито со Селта Артур се упати во Торино каде што вчера ги помина медицинските прегледи. Иако официјална потврда нема, размената Артур – Пјаниќ во која Јувентус ќе доплати 10 милиони евра е завршена работа.

Артур утрово се појави на тренингот на Барселона. Пред самиот почеток тој ги собра играчите на центарот на теренот и одржа говор. Додека 23 годишникот зборуваше сите слушаа вклучувајќи ги и најголемите ѕвезди. Бразилскиот фудбалер ги објаснил причините за трансферот и дал ветување дека нема да ги изневери.

Тој ветил максимално залагање и борбеност до крајто на сезоната после што го чека нов предизвик во Јувентус.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен е пред заминување од Енфилд. Иако со Лив…