Дома Македонски спорт Мак фудбал И Дарко Мицевски си замина: Благодарам на ФК Вардар за изминатите 25 години

И Дарко Мицевски си замина: Благодарам на ФК Вардар за изминатите 25 години

Никако да стигнат подобри најави за Вардар, денес заминувањето го потврди уште еден од клучните играчи, Дарко Мицевски.

Овие денови во Вардар се случува вистински егзодус кој и беше најавен поради финансиската ситуација во која се наоѓа клубот. После Попзлатонов, Матеј Цветановски, Мартинага, тренерот Васоски…следен кој заминува е искусниот Мицевски.

„Благодарам на ФК Вардар за изминатите 25 години. Поминавме низ многу проблеми и препреки, но вредеше. Ми беше чест да го носам тој свет Вардаров дрес и му посакувам се најдобро на клбуот. До некое следно видување“, напиша на Инстаграм Мицевски.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Голгетерот Калид си замина од Македонија Ѓорче Петров

Tимот на Македонија Ѓорче Петров официјално го потврди заминувањето на голгетерот од Гана …