Дома Останати Кошарка НБА И Бекам скршен од болка: Одев на натпревар на две минути да видам што посебно направил Коби

И Бекам скршен од болка: Одев на натпревар на две минути да видам што посебно направил Коби

Скоро и да нема спортисти кој не изрази сочуство и жалење за трагичната смрт на легендата Коби Брајант.

Коби животот го загуби вчера во хеликоптерска несреќа заедно со неговата 13 годишна ќерка Џана и уште седум лица.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Помеѓу сите оние кои изразија сочуство е и Дејвид Бекам.

„Часови ми беа потребни додека сфатам што да напишам. Сепак моите зборови никогаш нема да бидат доволни да опишам како се чуствувам после неговата загуба. Тој беше посебен спортист, татко, сопруг и пријател. Тешко ми е да ги пишувам овие зборови, загубивме неверојатен човек како и неговата убава и талентирана ќерка Џана. Коби беше инспиртативен за сите кои сакаа да играат кошарка. Некогаш одев на последните две минути од натпреварот само да дознаам што посебно направи. Коби секогаш зборуваше убави работи за Венеса, неговата ќерка и за тоа колку е горд на целото семејство“, напиша Бекам на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …