Дома Македонски спорт Иџе лут на АМС: Го заборавивте најтрофејниот македонски автомобилист!

Иџе лут на АМС: Го заборавивте најтрофејниот македонски автомобилист!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе преку својот Фејсбук профил изрази незадоволство кон агенцијата за млади и спорт.

Иџе е револтиран од односот на АМС кон него и порача дека е заборавен од агенцијата која во 2014 година го прогласи за најдобар спортис.

Во продолжение ви го пренесуваме неговото соопштение на Фејсбук страната во целост:

“Македонското сонце секогаш ќе го осветлува покривот на мојот болид, но со ваквите неспортски потези Агенцијата за млади и спорт (АМС) не заслужува спортска промоција во иднина од моја страна.
Наместо Агенцијата за млади и спорт да биде најголемиот сојузник на врвните спортисти, таа стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Срамно е за институцијата која ме има прогласено за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, која ми го има доделено највисокото Национално спортско признание и тоа како резултат на моите спортски успеси, оваа година и оваа натпреварувачка сезона, едноставно да ме заборави.
Во услови кога ја имам најголемата поддршка од мојот народ, отсуствува институционалната поддршка. Несвојствено е како најтрофејниот македонски автомобилист од вкупно ????милиони денари кои се доделени на Автомобилистичка федерација за 2019 година да добие 0 (нула) денари од редовните буџетски средства и од средствата од Игрите на среќа…!!!
Секојдневно добивам безброј пораки од моите македонски фанови со прашањето: Зошто не се натпреварував во европскиот шампионат и дали ќе може да ме гледаат и наредната сезона на најпознатите европски трки каде пред две години бев претендент за титула?
Едноставно е срамно да се каже дека единствената причина за мојата натпреварувачка пауза е тоа што сум заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти.
Повеќе детали за односот на АМС кон мене и мојот тим наскоро на прес-конференција… “, стои во објавата на Иџе.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Висенте Дел Боске доаѓа во Скопје!

Eден од најголемите тренери во светот на фудбалот доаѓа во Скопје. Претседателот на, Агенц…