Дома Фудбал Репрезентации Италија и Турција сакаат да бидат домаќини на Европско првенство, заедничка кандидатура и од Островот

Италија и Турција сакаат да бидат домаќини на Европско првенство, заедничка кандидатура и од Островот

Италија и официјално поднесе кандидатура за домаќинство на Европското првенство 2032 година, објави УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанците како актуелни шампиони на Европа соопштија дека доколку нивната канддидатура биде прифатена првенството ќе се игра на стадионите во: Милано, Торино, Верона, Џенова, Болоња, Фиренца, Рим, Неапол, Бари и Каљари. Тоа значи дека на поголем дел од овие стадиони ќе биде направена реконструкција.

Исто така се најавува дека и Турција поднела кандидатура за домаќинство на Еуро 2028 или 2032 што е шести обид на оваа земја да биде домаќи нна голем турнир.

Заедничка кандидатура поднесоа Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска за Еуро 2028.

Од УЕФА порачаа дека ќе ја разгледаат секоја понуда, а извршниот одбор ќе гласа за двата турнири (Еуро 2028 и Еуро 2032) во октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона ќе го доведе Кансело за неколку дена

Португалскиот десен бек Жоао Кансело е сè поблиску до комплетирање на преминувањето во Бар…