Дома Фудбал Италија Италијанците се убедени: Наскоро се решава судбината на Мауро Икарди!

Италијанците се убедени: Наскоро се решава судбината на Мауро Икарди!

Медиумите на „Чизмата“ се убедени дека судбината на Мауро Икарди е решена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот на Интер Мауро Икарди во јануари ќе потпише нов договор со клубот, пренесуваат денес италијанските медиуми.

„Газета Дело Спорт“ пишува дека новиот извршен директор на Интер, Бепе Марота ќе го реши прашањето со судбината на Аргентинецот во текот на зимскиот преоден рок.

Според информациите на споменатиот медиум, Икарди би требало да потпише договор до 2033 година.

Како ставка која се уште не е договорена се наведува платата на напаѓачот.

На Икарди наводно му се нудат шест милиони евра годишно плус бонуси, додека неговата сопруга и агент Ванда Нара бара два повеќе.

Како и да е очекува двете страни многу брзо да ги решат сите работи и Икарди да стави потпис со кој ќе ги израдува навивачите.

https://youtu.be/fK5LYVd1MHs

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Веќе е речиси јасно: Познат потенцијалниот противник на Босна во нокаут фазата

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина е на прагот да обезбеди место во елимина…