Дома Фудбал Италија Италијанците режираат циркус: Палермо останува во Серија Б!

Италијанците режираат циркус: Палермо останува во Серија Б!

Во италијанскиот фудбал се случува вистински циркус!

Откако тимот на Илија Несторовски и Александар Трајковски беше исфрлен во Серија Ц сега е донесена одлука Палермо д аостане во Серија Б.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После исфрлувањето во Серија Б, Палермо испрати жалба, а на изненадување на пошироката јавност Палермо ќе остане во второто по ранг натпреварување во Италија.

Новата одлука е на Палермо да му бидат одземени 20 поени и со тоа клубот од Сицилија сезоната ја завршува на 11-тата позиција.

Ќе потсетиме, Палермо неодамна доби нова сопственичка структура и се надеваат дека идната сезона ќе изборат место помеѓу најдобрите во Италија.

Сега ако со претходната одлука беше сигурно дека Несторовски и Трајковски ќе го напуштат клубот сега постои можност и наредната сезона да играат во дресот на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус го расплака Интер на крајот со „проектил“ на тинејџер од Црна Гора

Екипите на Јувентус и Интер завршија со резултат 4:3 на „Алијанц Стадион“ во Дерби д’Итали…