Иако во поголемиот дел од летото се веруваше дека Миралем Пјаниќ е „сигурен“ во Јувентус сега се појавуваат информации дека Пјаниќ би можел да замине до крајот на преодниот рок (2-ри септември).
„Калчомеркато“ денес пишува дека Јувентус е отворен за опцијата да го продаде Пјаниќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бјанконерите“ се обидуваат да соберат пари преку продажбата на играчи, но засега тоа не им оди најдобро.
Поради таквата ситуација наводно во Јувентус се решиле да го продадат Пјаниќ од кој можат да заработат најмалку 50-60 милиони евра.
Сепак, не е јасно дали во Торино ќе имаат време да доведат негова замена, ако навистина планираат нешто такво. Пјаниќ претходно медиумите го поврзуваа со Реал Мадрид и ПСЖ, дали овие два клуба се уште се заинтересирани останува да видиме.
Juventus are open to letting Miralem Pjanic leave during the current transfer window, per Calciomercato.
— Goal (@goal) August 23, 2019
Who would he be a good signing for? ? pic.twitter.com/p7t6noPcL3