Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев доби одмор од селекторот Игор Ангеловски и се врати во Џенова каде што беше дочекан од новинарите.
Новинарите сакаа да добијат изјава од Пандев откако Македонија ја победи Грузија и се пласираше на Европското првенство кое ќе се игра во јуни. Италијанците му се обратија на Пандев со зборовите Национален херој, а нашиот капитен беше скромен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сум само јас херојот, сите во репрезентацијата сме херои. Ова е прекрасно чувство, ми се оствари сонот после 20 години во репрезентацијата. Три децении Македонија сонуваше за вакво нешто. Успеав да го дочекам ова и тоа на крајот од кариерата, уште не можеме да поверуваме што направивме“.
„Добив илјадници пораки и благодарен сум за сите, иако не стигнав на сите да им одговорам. Благодарен сум и се надевам брзо ќе се вратат на стадион да ги поздравам“, изјави Пандев.