Салвадоре Рибаудо е нов фудбалер на Брера Струмица. Станува збор за млад и надежен фудбалер кој игра во нападот и веќе се приклучи на подготовките на тимот во Банско Бугарија.
Рибаудо е дете на италијанскиот клуб Парма каде ги помина сите младински категории а во струмичкиот клуб пристигна од шпанскиот тим Реал Авила каде што настапуваше од јануари во последната сезона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Претходно Брера се засили со Аризанкоски и Ристевски, а нови договори со тимот потпишаа Јанкулов и Ѓорѓиевски. Од Струмица си замина искусниот дефанзивец Димов.