Неверојатна приказна е испишана во светот на женскиот тенис каде што тенисерка од Кина го изгуби 22. Меч во низа и така стана нова рекордерка.
Често пати од женскиот тенис ни пристигнувале интересни статистички податоци, а овој е навистина за историја.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Имено, ја добивме новата најголема губитничка во исторјата на тенисот. Кинеската тенисерка Жанг Шуаи последен пат победи во февруари 2023 година.
Таа на тој начин го сруши рекордот на Винс Спид кој во машка конкуренција во период од 1999 до 2000 година не победи на 21 меч во низа.
Жанг сега беше поразена во првото коло на Синсинати од Дијана Шнаидер со 2:0 во сетови (6:1, 6:4). Најдобар пласман во кариерата на Жанг беше 22. место на ВТА листата и до него стигна во февруари 2023 година.