Шпанскиот играч Иско веќе во јануари би можел да ги напушти редовите на Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, според пишувањата на шпанските медиуми, 29-годишниот играч со сите сили сака да го напушти Реал, но наводно официјални понуди се уште нема.
Реал наводно нема намера да прави проблем за Иско, но очекува на име обештетување да има барем 60 милиони евра со тоа што такви понуди моментално нема.
Се шпекулираше дека Иско би можел да премине во Интер во размена за Ериксен, но веројатно тоа нема да се случи.
Да потсетиме, Иско во Реал пристигна во 2013. година од Малага, а актуелниот договор со Реал му истекува летото 2022. година.