Дома Трансфер зона Интер чека понуди за Перишиќ – Хрватот ставен на трансфер листа

Интер чека понуди за Перишиќ – Хрватот ставен на трансфер листа

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Интер донело одлука да го стави на трансфер листа хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Перишиќ веќе подолго време е на мета на неколку европски гиганти, меѓу кои и Манчестер Јунајтед, но „нероаѕурите“ до сега ги одбиваа сите понуди кои пристигнаа за Хрватот.

Предводникот на “нероазурите”, Лучијано Спалети, не е импресиониран од игрите кои ги прикажува крилниот напаѓач во Серија А и Лигата на шампиони оваа сезона, па веќе дал „зелено светло“ за негов трансфер.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер ќе му дозволи на Перишиќ да замине доколку пристигна понуда од 40 милиони евра.

„Црвените ѓаволи“ и понатаму се најсериозен кандидат за неговиот потпис, а „нероаѕурите“ се спремни да преговараат за трампа во која ќе биде вклучен Марсијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…