„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае.
Ким Мин минатото лето пристигна од Наполи за 50 милиони евра како најдобар дефанзивец во Серија А и на почетокот играше солидно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, во последно време го загуби местото во стартниот тим, а и не е среќен во Бундеслигата и сака да се врати во Серија А.
Интер сака да го искористи ова за дополнително да ја засили одбраната бидејќи смета дека Кореецот ќе биде идеален партнер на Бастони.
„Нероаѕурите“ ќе се обидат да го доведат на позајмица со задолжителен откуп следното лето.