Дома Топ вести Интер спрема уште две големи засилувања: Еве како ќе изгледа тимот следната сезона!

Интер спрема уште две големи засилувања: Еве како ќе изгледа тимот следната сезона!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер сака значително да го засили тимот за следната сезона и конечно да го нападне Скудетото.

„Нероаѕурите“ веќе имаат договорено тро големи засилувања, а станува збор за Де Вриј од Лацио и Асамоа од Јувентус кои ќе пристигнат како слободни агенти, плус напаѓачот Лаутаро Мартинез за кого ќе платат 22 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Интер сака трансфер кампањата да ја комплетира со две големи засилувања во средниот ред.

Првото е Матео Ковачиќ, кој веќе го носеше дресот на Интер пред да се пресели во Реал Мадрид. Хрватот не добива голема минутажа на „Сантиаго Бернабеу“, а „нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го вратат во Милано.

Второто засилување би требало да биде Вилијам Карваљо од Спортинг Лисабон. Португалскиот играч за врска има откупна клаузула од 40 милиони евра која италијанскиот клуб е спремен да ја плати.

Доколку успее да ги реализира овие засилувања, тимот на Интер следната сезона ќе изгледа вака:

Хандановиќ
Кансело, Скриниар, Де Вриј, Асамоа
Вилијам Карваљо, Ковачиќ, Рафиња
Перишиќ, Икарди, Лаутаро Мартинез/Кандрева

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…