Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павард би можел кариерата да ја продолжи во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.
Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн, бидејќи влезе во последната година од договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преговорите помеѓу двете страни се во прекин, а Павард е спремен да ја промени средината.
Најсилен интерес за Французинот покажува Интер, кој во него гледа идеална замена за Скриниар.
Павард може да игра како стопер и како десен бек, па поради тоа е најголема желба на „нероаѕурите“.
Тухел сака да го задржи, но доколку Павард не стави потпис на нов договор, Баерн е спремен да го продаде за 20 милиони евра.