Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павард е голема желба на милански Интер, пренесуваат италијанските медиуми.
24-годишниот Французин има договор со Баерн до 2024 година, но одби да го продолжи договорот, па е мета на многу европски клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер е во потрага по дефанзивец, а Павард може да игра и како десен бек и како стопер, па е најголема желба на Инзаги.
„Нероаѕурите“ се спремни да понудат 25 милиони фунти за Французинот, но Баерн тешко дека ќе се согласи да го пушти за таа сума.
🚨 Inter have made an offer of €25M to Bayern for Benjamin Pavard. 🇫🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 17, 2023
A deal remains difficult due to Bayern's high demands but the player is insisting because he wants to leave.
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/czwSbKpGlw