Интер оваа сезона создаде респектабилен тим, но раководството внимателно ја следи ситуацијата на трансфер пазарот и нема да пропушти шанса за дополнително да го засили тимот.
Познато е дека Спалети е во потрага по квалитетен играч за врска, а италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На шпанскиот фудбалер му истекува договорот со „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната, па „нероаѕурите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат без обештетување.
Ерера оваа сезона добива солидна минутажа на „Олд Трафорд“, а клубот веќе му предложи нов договор за продолжување на соработката.
Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Интер, кој во Ерера гледа идеално засилување, притоа без да потроши ниту едно евро.