Екипата на Интер денес објави дека нов играч на тимот е 19 годишниот напаѓач Даријан Малеш.
Швајцарскиот напаѓач со српски корени потпиша со Интер договор на пет години, а помеѓу „нероаѕурите“ доаѓа од екипата на Лузерн која доби пет милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изминатата сезона овој фудбалер одигра 19 натпревари во швајцарската Суперлига. Постигна четири гола и подели четири асистенции. Така го привлече вниманието на Интер со кој на крајот потпиша договор.
Наредната сезона Малеш веројатно ќе ја помине на позајмица во Џенова, но тоа се уште не е официјално потврдено.
OFFICIAL: Inter Milan have signed Swiss striker Darian Males from FC Luzern for €4m. pic.twitter.com/4nnEvhkiMi
— Transfer News Central (@TransferNewsCen) September 16, 2020