Габриел Барбоса – Габигол пред три години пристигна во Интер како големо засилување, но не се снајде најдобро во италијанскиот гигант.
Бразилецот помина една година на „Џузепе Меаца“, се покажа како големо промашување, па веднаш беше испратен на позајмица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега конечно најде добра средина за него, игра во Фламенго и тоа во неверојатна форма – на последните 15 натпревари постигна 16 гола.
Интер „трие раце“ бидејќи подолго време бара купец за Габигол, а се чини дека бразилскиот клуб е спремен да го откупи неговиот договор.
Имено, Фламенго е спремен во наредните денови да испрати понуда тешка 15 милиони евра до Интер за потписот на Габигол.
Се чини дека Интер ќе ја прифати оваа понуда бидејќи подолго време се труди да се ослободи од Бразилецот.