Пјер Емерик Обамејанг после констатното кршење на клупската дисциплина повеќе не е капитен на Арсенал, а навивачите сметаат и дека тимот подобро функционира без него.
Се шпекулира и дека Обамејанг со намера ги прави тие работи за клубот да го пушти да си замине. Платата на Габонецот е огромна, па тешко дека некој друг од европските клубови би му ја понудил истата. Барселона наводно би можела да го позајми, но прашање е колкава плата можат да си дозволат да му дадат. Но, во Барселона имаат и други имиња.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Една од опциите е Габриел Барбоса – Габигол. После враќањето од Европа и лошто искуство Интер Габигол игра одлично во Јужна Америка, сега сака повторно во Европа. Лапорта разговарал со Раиола за Халанд и Погба, но тие не се опции за јануари.
Како и да е многу веројатно дека Барселона ќе доведе напаѓач во јануари останува да видиме кој ќе биде тоа, се споменуваше и Кавани.