Дома Трансфер зона Интер замената за Хакими ја најде во Барселона

Интер замената за Хакими ја најде во Барселона

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори со десниот бек на Барселона, Емерсон Ројал.

Барселона минатото лето го купи Емерсон од Атлетико Минеиро за 12 милиони евра и го испрати на позајмица во Бетис.

21-годишниот Бразилец со своите настапи во Примера го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсериозен интерес покажува Интер.

Барселона пред неколку дена доплати 9 милиони евра на Бетис за останатите 50% од правата на играчот и го претстави Емерсон како ново засилување.

Интер бара замена за Хакими кој сигурно ќе биде продаден и прва желба е токму Емерсон Ројал, а неговите агенти денес беа на преговори во Милано.

Барселона е спремна да го продаде бидејќи има потреба од финансиски средства, но за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе проговори: Морам да ја донесам вистинската одлука

Веќе од поодамна се шпекулира дека Мбапе ова лето ќе го напушти тимот на ПСЖ. Името на мла…