Мауро Икарди е незадоволен од својот статус во ПСЖ и ова лето најверојатно ќе ја промени средината.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ПСЖ исто така е спремен да го продаде Аргентинецот и веќе му порачал дека слободно може да си бара нов клуб.




Икарди сака да се врати во Серија А, а интерес за него покажуваат Милан и Наполи.
Златан Ибрахимовиќ најверојатно ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.




Пиоли верува дека Икарди идеално би се вклопил во неговиот стил на игра, притоа Аргентинецот ја познава лигата и има големо искуство во Серија А.
Наполи исто така е заинтересиран и ќе се обиде да го донесе, но само во случај ако го продаде Осимен на лето.