Изгледа дека Икарди донел конечна одлука.
Според информациите од италијанските медиуми, Мауро Икарди не размислува за трансфер во Наполи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, денес бил последниот обид Аргентинецот да се убеди, но тој одбил седум милиони евра, плус права на маркетинг кои не би требало да ги дели со клубот.
Неговата сопруга Ванда била заинтересирана за оваа понуда и ако им веруваме на Италијанците се обидела да го убеди, меѓутоа немала успех.
Икарди одлучил и има две опции – или во Јувентус или останува во Интер.
Тој има плата од 4.5 милиони евра по сезона и тешко дека клубот ќе го испрати на трибини како што се закануваа, неговите адвокати во тој случај најавија тужба за мобинг. Јувентус не ги задоволува барањата на Интер и не е ниту блиску до понудата на Наполи од 65 милиони евра, „старата дама“ нуди 40-тина милиони евра.
Во Јувентус се спремни и да чекаат, а Икарди изгледа држи се во свои раце.