Голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон би можел на крајот на актуелната сезона да го напушти клуботѕ, пренесуваат дел од странските медиуми.
Наводно во англискиот гигант имаат став според кој би му дозволиле на Едерсон да замине во случај на адекватна понуда. За голманот постоел интерес од сааудиските клубови и одлуката за него би требало да биде донесена во наредниот период (две-три недели).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во редовите на Манчестер Сити, Едерсон пристигна пред седум години од Бенфика за 40 милиони евра и стана еден од најважните членови на тимот.
Со Манчестер Сити освои се што можеше да се освои и сезонава на 43 натпревари прими 34 гола, додека на 16 натпревари успеа да ја зачува својата мрежа.
Засега нема најави кој би пристигнал ако Едерсон навистина замине, бидејќи не се очекува Ортега кој досега е замена за Бразилецот да биде прв голман во случај на негово заминување.