Марко Арнаутовиќ по 13 години се враќа во Интер!
Клубот со „Џузепе Мeaца“ ги договори сите детали со Болоња и го доведува Австриецот со српско потекло за 10 милиони евра.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Интересно, ова е втор најскап платен трансфер за играчи со најмалку 34 години, бидејќи повеќе беше платен само Кристијано Роналдо кој од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед за 14 милиони евра.
Арнаутовиќ во Интер пристигнува како алтернатива во ротацијата, откако Симоне Инзаги остана без Ромелу Лукаку и Един Џеко. Исто така, „нероаѕурите“ се засилија и со Маркус Турам, а останува да се види дали ќе донесе звучно име во нападот.
Како и е да враќањето на Арнаутовиќ во Интер секако е изненадување.