Дома Фудбал Останато Изненадувачка одлука: Динамо не го пријави Адеми за настап во Европа

Изненадувачка одлука: Динамо не го пријави Адеми за настап во Европа

Динамо Загреб ја започна втората полусезона со дебаклот против Локомотива и подоцна со минимална победа против Истра, а освоен лигашките обврски наскоро ги очекува и тежок испит во 1/16 финалето во Конференциската лига.

За место во осминафиналето Динамо ќе игра против шпански Бетис, а првиот натпревар е закажан на 15-ти февруари во Севиља.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Динамо, Сергеј Јакировиќ беше должен до 2-ри февруари да ја предаде листата на на играчи за настапот во нокаут фазата.

На списокот може да има 25 играчи, а Јакировиќ имаше прилика да доде уште три имиња во однос на првиот дел од сезоната. Поради тоа се очекуваше македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми да биде во конкуренција за настап против Бетис.

Јакировиќ имаше пет играчи кои може да ги додаде и покрај Адеми тука беа: Арбер Хоџу, Кевин Теофил, Фран Бродиќ и Такуја Огивара. Од наведните петмина тој се одлучи да ги изостави Адеми и Бродиќ, па така Адеми нема да игра за Динамо во Европа и во вториот дел од сезоната.

Претходно во првиот не беше пријавен поради задоцнетото враќање од Кина и немањето време за комплетирање на документацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …