Дома Фудбал Останато Измамен Аргентинец: Дошол на потпис во Грција, па останал без скршен денар – спие по паркови!

Измамен Аргентинец: Дошол на потпис во Грција, па останал без скршен денар – спие по паркови!

Аргентинскиот фудбалер Масимилијано Фронари (26) се најде во неверојатна ситуација.

Форнари се наоѓа во грчката Лариса. Нема пари и спие на улицата. Форнари пристигна во Грција за да го заврши трансферот во Аполон Лариса, но на крајот се пропаднало. Офанзивецот останал сам во Грција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Се се искомплицира. Не знам што се случи. Менаџерите кои ме доведоа ме оставија без ништо. Го напуштив тимот во кој играв затоа што добив официјална понуда, но никогаш не потпишав договор“, изјави за грчките медиуми.

Форнари сега престојува на улиците во Лариса и тврди дека нема пари ниту за кафе и дека спие на клупите во централниот парк. Пред Грција играше за Атлетико Гуемес, а потоа еден менаџер го убедил да се пресели во Лариса и му ветил трансфер кој никогаш не се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тајгер Вудс пуштен од затвор, се огласи и Доналд Трамп

Познатиот голфер Тајгер Вудс е пуштен на слобода откако помина осум часа зад решетки порад…