Дома Фудбал Извлечени двојките во Купот на Шпанија: Барса против третолигаш, Реал доби шанса за одмазда

Извлечени двојките во Купот на Шпанија: Барса против третолигаш, Реал доби шанса за одмазда

Во Шпанија денес беше извлечена ждрепката за новата фаза во Копа Дел Реј каде што ќе се натпреваруваат и најголемите екипи како Барселона и Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одбраната на титулата Барселона ќе ја започне против третолигашот Линарес кој во минатото коло го елиминираше Алавес. Реал Мадрид од друга страна ќе има прилика за реванш и се враќа на местото каде што на почетокот на оваа календарска година беше шокиран и изгуби со 2:1 од Алкојано.

Овој тим веќе направи едно изненадување откако го елиминираше Леванте на Барди после изведувањето на пенали. Столе Димитриевски и Рајо кои играат одлично во Примера сезонава ќе одат на дуел со второлигашот Мирандес.

Куп средбите во Шпанија ќе се играат на 4, 5 и 6 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова изјава на Марез ја разгоре сомнителната ситуација на Светското првенство

Најистакнатиот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на јавноста поради сво…