Дома Фудбал Италија Избегал од Африка, спиел по улици, родителите мислеле дека е мртов, па го видоа на ТВ како игра против Милан!

Избегал од Африка, спиел по улици, родителите мислеле дека е мртов, па го видоа на ТВ како игра против Милан!

18 годишниот Мамаду Кулибали е едно од најголемите откритија оваа сезона во Серија А, особено после одличниот настап против Милан минатиот викенд.

Меѓутоа, овој тинејџер од Сенегал имал неверојатно патешествие и поминал низ пекол за да го оствари својот сон и да стане професионален фудбалер.

Кулибали избегал од дома, заминал со брод за Европа, а родителите мислеле дека е мртов бидејќи со месеци немале никаков контакт со него.

„Си заминав од дома само со ранец. Му кажав само на мојот најдобар пријател, моите родители мислеа дека сум на училиште. Го исклучив мобилниот и не им се јавив три или четири месеци. Мислеле дека сум мртов”.

„Не бевме сиромашни, имавме што да јадеме. Но татко ми не сакаше да играм фудбал, за него училиштетот беше многу важно, потекнувам од семејство на учители. Го ризикував животот за да играм фудбал, но го сторив тоа за нив. Наскоро ќе можам да им помогнам“, раскажува Кулибали.

Тој најпрво стигнал во Франција со брод полн со мигранти, но набрзо потоа дошол во Италија.

„Еден човек ме донесе во Ливорно на проба во неколку клубови, но едно утро го снема. Немав пари, не познавав никого и не зборував италијански. Спиев на улица и имаше денови кога преживував само со еден сендвич“.

„Од Ливорно заминав за Рим, па од таму за Пескара, ми кажаа дека во Пескара има многу Сенегалци. Без карта се качив во воз, но ја погрешив станицата, се симнав во Росето. Спиев на игралиште, ме најде полиција па ме однесе во преноќувалиште за азиланти“.

„Бев на проба со Чезена, Сасуоло, Рома и Асколи но никој не ме ангажираше. Мојот татко ме гледаше во неделата против Милан на телевизија, сега разговараме секој ден. Не сум ги видел родителите две години. И недостасувам на мајка ми, плачеше многу, не веруваше дека сум жив“, открива 18-годишниот фудбалер, кој истакна дека омилени клубови му се Милан и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарниот тренер го откри својот фаворит за Скудетото

Легендарниот фудбалски тренер, Свен Горан Ериксон, на изненадување на многумина верува дек…