Дома Фудбал Останато Игуаин: Луѓето мислат дека фудбалскиот живот е лесен…

Игуаин: Луѓето мислат дека фудбалскиот живот е лесен…

Гонзало Игуаин после долги години во Европа кариерата ја продолжи во МЛС лигата и за него играњето во САД е уживање и нешто што не го доживеал во претходните 15 години во Европа.

Аргентинскиот напаѓач беше еден од првите кои го прифатија проектот на Интер Мајами, клуб кој е предводен од легендарниот Дејвид Бекам. Сега, Игуаин потенцира дека фудбаслиот живот не е толку лесен како што мислат останатите.

„Зад себе имав неприродни 15 години, поминав 15 години напорни години во фудбалот. Луѓето мислат дека нашиот живот е лесен и среден, но не е така. Ние го немаме правото како обичните луѓе слободно да шетаме на улица, често добиваме навреди и не смеете да реагирате затоа што ќе платите двојно ако тоа го направите“.

„Ако одиграте лош натпревар и не постигнете гол не смеете да излезете. Ова не е само спорт и ова е работа. За мене голема неправда што низ тие 15 години на високо ниво никогаш не можев да возвратам кога ме навредуваа и покажуваа непочитување кон мене. Засега во Америка уживам и ова ми се најдобрите години од кариерата“, изјави Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија во четвртиот барабан: Патот до ЕП 2024 може да биде екстремно тежок!

Македонската фудбалска репрезентација ждрепката за квалификациите за Европското првенство …