Дома Фудбал Репрезентации Играч кој никогаш не играл во Серија А вчера настапи за Италија против Англија

Играч кој никогаш не играл во Серија А вчера настапи за Италија против Англија


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Mладиот 23-годишен стопер Федерико Гати има неверојатна животна приказна.

Ова момче од јануари е член на Јувентус, но изминатата полусеозна ја помина како позајмен играч во Фросиноне. Навистина неверојатно звучи податокот дека играч кој никогаш не играл во Серија А, туку само во пониските лиги настапи за репрезентацијата на Италија.

Летово се очекува Јувентус да го задржи во составот, од Фросиноне го откупи за 5.5 милиони евра. Инаку, во текот на својата кариера, овој 23-годишен стопер пред шест години играше во шестиот ранг на италијанскиот фудбал, во сезоната 2019-20 играше во Серија Д за Вербанија, а потоа во сезоната 2020-21 во Серија Ц за Про Патриа.

Минатата сезона во Серија Б ја започна за Фросиноне каде што го докажа својот квалитет, па во јануари стигна понуда од Јувентус, а летово и од репрезентацијата, односно Роберт Манчини. Вчера ги одигра сите 90 минути и придонесе Италија да остане непоразена против Англија (0:0)

Пред само три-четири години, додека играше во Серија Д, работеше како ѕидар и столар, а сега излезе на најголемата фудбалска сцена. Неверојатен напредок…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Преговорите меѓу Маунт и Челзи во ќорсокак

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Преговорите помеѓу Ч…