Дома Фудбал Италија Ибра: Милан не е клуб за Лига Европа, малку е веројатно дека ќе останам

Ибра: Милан не е клуб за Лига Европа, малку е веројатно дека ќе останам

Златан Ибрахимовиќ призна дека на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Милан.

Искусниот напаѓач изјави дека ова не е големиот Милан кој бил порано, и смета дека Милан не смее да се бори за излез во Лига Европа тука мора што побрзо да се бори за трофеи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ибра игра за да освои трофеи, или си седи дома. Се вратив во Милан само поради страста која ја имам кон овој клуб. Практично играм гратис. Ситуацијата која се случи беше непријатна, но јас после два дена бев спремен за игра. Јас едноставно сум роден да играм фудбал“, истакна Ибра.

„Милан едноставно не е клуб за во Лига Европа, во Милан или победуваш или не си направил ништо. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата после два месеци, но да бидам искрен, мали се шансите да играм овде следната сезона. Ибра не е играч за Лига Европа, а местото на Милан исто така не е таму“, заклучи Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тео Ернандез нема да оди на подготовки со Милан, познат новиот клуб

Тео Ернандез е на чекор да се приклучи на Ал-Хилал откако шест години ги помина на Сан Сир…