Дома Останати Ибрахимовиќ купува јахта од 20 милиони евра 📸

Ибрахимовиќ купува јахта од 20 милиони евра 📸

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ нема да игра овој викенд за Милан во Серија А затоа што во претходното коло против Парма заработи црвен картон.

Меѓутоа Швеѓанецот очигледно пронашол начин како да го „потроши“ времето. Ибра бил забелжан во Ливорно како разгледува јахта која има цена од неверојатни 20 милиони евра.

Ибрахимовиќ е познат по то што е љубител на бродови, веќе една јахта има во своја сопственост, но сега ја сака јахтата по име „Ребека“ која е долга 40 метри и која има три палуби..

Освен тоа јахтата поседува, базен, теретана, џакузи, простор за скара и пет соби за спиење. Неделно изнајмување на оваа јахта чини помеѓуу 190 и 225 илјади евра, меѓутоа намерата на Ибра не е да ја изнајмува туку да ја купи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Започна нова ера во УФЦ: Оливеира е нов шампион🎥

По заминувањето на Хабиб Нурмагомедов во пензија, појасот за шампион остана без сопственик…