Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ и Вела не престануваат да постигнуваат голови во МЛС (ВИДЕО)

Ибрахимовиќ и Вела не престануваат да постигнуваат голови во МЛС (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ла Галакси вчера во неверојатен натпревар беа поразени на свој терен од Ванкувер Вајткапс со 4:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Галакси и Вајткапс одиграа фантастичен натпревар, а на крајот славеа гостите со 4:3 и освоија три бода. Ла Галакси веќе го обезбеди пласманот во плеј-офот додека Ванкувер нема шанси да се најде помеѓу најдобрите седум на Западната конференција.

Она што треба да се напомене е дека неверојатниот Златан Ибрахимовиќ постигна нов гол. Швеѓанецот на сцена стапи во 23-тата минута кога Павон одлично го проигра, а тој погоди за 1:1.

За Златан ова беше дури 29-ти гол во сезоната, меѓутоа и понатаму е втор стрелец во лигата. Пред него е Карлос Вела со два гола повеќе. Мексиканецот вчера беше стрелец во ремито на Лос Анџелес и Минесота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Катастрофа за Шпанија: Освојувачот на Златна топка го напушта Светското првенство – мора на операција!

Шпанија доживеа сериозен удар на Светското првенство – Родри нема да може да го прод…