Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ за свирежите кон Меси: Да бев на негово место ќе патосирав неколку ултраси

Ибрахимовиќ за свирежите кон Меси: Да бев на негово место ќе патосирав неколку ултраси

Златан Ибрахимовиќ во свој стил ги коментираше жестоките свирежи кои навивачите на ПСЖ ги испраќаат на последните натпревари кон Лионел Меси.

Навивачите на ПСЖ не се задоволни од она што го прикажува Меси и сметаат дека Аргентинецот не дава се од себе на теренот. Од друга страна соиграчите и тренерот Галтие искажаа голема поддршка за Меси.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ултрасите имаат среќа што Лео е мирен човек и не обрнува внимание на таквите работи (свирежите). Да бев на негово место ќе фатев неколку ултраси и ќе ги патосирав, не само нив туку и нивните родителите. На крајот ќотек ќе добиеше и градоначалникот, а потоа ќе се спакував и ќе сио заминев.

„Меси во минатите години со Барселона каде се не гостуваше на „Олд Трафорд“, „Вембли“, „Енфилд“, „Сан Сиро“…тоа се толку култни и легендарни стадиони и никој никаде не му свирел, парижаните се најдоа да бидат најпаметни“, порача Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Крос за реваншот со Арсенал: Првите 15 минути ќе бидат решавачки

Реал Мадрид доживеа тежок пораз од Арсенал во Лондон во првиот натпревар од четвртфиналето…