Поранешниот репрезентативец на Македонија, Агим Ибраими во интервју за хрватскиот портал 24сата“ зборуваше за Динамо Загреб и Арјан Адеми.




Познато е дека Ибраими е братучед со Адеми за кого вели дека е „алфа и омега“ во хрватскиот гигант. Освен тоа тој уште еднаш потврди дека Адеми одбил богата понуда од Саудиска Арабија за да остане во Загреб.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Се пишува дека Динамо не е во форма, но навистина е тешко да играте во овој период од годината, посебно ако против вас имате послаб ривал. Таквите екипи секогаш се повеќе мотивирани и понекогаш знаат да направат проблеми на фаворитите. Не го кажувам тоа затоа што ми е братучед, но Адеми е „алфа и омега“ во Динамо“.




„Бев запознаен со големата понуда која ја доби од Саудиска Арабија, но се одлучи да остане во Динамо и да руши рекорди. Тоа е за почит, тешко дека некој друг ќе дојде до неговите достигнувања во Динамо“, изјави Ибраими.