
Maкедонскиот интернационалец Агим Ибраим и овој викенд ја потврди својата одлична форма.
32 годишниот фудбалер и поранешен репрезентативец беше стрелец во победата на Кукс против Скендербеу (0:4). Со овој гол Ибраими дојде до лидерската позиција на листата стрелци во Албанија.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Ибраими беше стрелец на првиот гол уште во петтата минута, останатите три беа дело на Лимај (два) и еден Леириа Дос Сантос. Со ваа победа Кукс го одржа чекорот со водечките тимови во албанската Суперлига.
Во досегашниот дел од првенството Ибраими постига 11 голови на 19 натпревари.