Дома Останати Кошарка НБА Зошто Џордан одлучи да го замени дресот со број 23 со 45?

Зошто Џордан одлучи да го замени дресот со број 23 со 45?

Oткако Чикаго Булс го освоија третото првенство во низа во 1993 година Мајкл Џордан помина низ бурен период од животот.

Таткото на Џордан беше убиен во јули 1993 година, а три месеци подоцна Мајкл Џордан го шокираше светот најавувајќи повлекување од НБА, како причина наведе дека му недостасува мотивација. Потоа Џордан година ипол помина обидувајќи се да успее како бејзбол играч во тимот на Бирмингем Баронс.

Легендата на Булси на крајот доби потреба да се врати во НБА и тоа го направи на 19. март 1994 година. Се врати, но без бројот 23 кој беше синоним за неговото име. Џордан понатаму во кариерата се врати со бројот 45, во документарецот посветен на неговиот живот и кариера, „Последниот танц“ објасни зошто.

„Не сакав повторно да го земам бројот 23 бидејќи знаев дека мојот татко повеќе не е тука. Чувствував потреба да имам нов почеток. Освен тоа бројот 45 беше првиот кој го носев, со него играв додека одев во средно училиште“, раскажа Џордан.

Додека таа вечер навивачите брзаа кон салата да го видат повторно Џордан на теренот, првпат откако во 1993 година остана без татко, Џордан се соочувал со бура од емоции. Тоа беше неговиот прв натпревар кој го играше без неговиот татко.

„Бев нервозен затоа што долго време немав играно професионален натпревар и се чувствував напуштено бидејќи мојот татко не беше со мене. Се беше поинаку“, зборува легендарниот кошаркар.

На крајот таа вечер Џордан уфрли 19 поени во поразот од Индијана, но девет дена подоцна уфрли 55 поени во „Медисон Сквер Гарден“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Џордан во „Последниот танц“ лаже и измислува“

Aвторот на книгата „Правилата на Џордан“ откри некои работи, секако не се, но тврди дека н…