Дома Фудбал Останато Зошто Варан би можел да ја освои „Златната топка“?

Зошто Варан би можел да ја освои „Златната топка“?

Изборот за играч на годината од страна на францускиот магазин „Франс Фудбал“ ќе биде одржан на 3. декември во Париз, а според наводите на „Л`екип“ на кратката листа за наградата нема да го има минатогодишниот победник, Кристиано Роналдо.

Споменатиот медиум откри дека одлуката ќе ја донесе помеѓу тројца играчи – Лука Модриќ, Килијан Мбапе и Рафаел Варан, и дека признанието сигурно ќе го добие Варан. Како причина се наведува тоа што дефанзивецот го освои Светското првенство со Франција и Лигата на Шампионите со Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересно е тоа што на кратката листа го нема ниту напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман кој до сега беше меѓу главните фаворити, а на листата не се наоѓа ниту играчот на Барселона, Лео Меси. Тоа укажува дека Златната топка, доколку овие извори се точни, по 10 години нема да оди во рацете на Роналдо и Меси.

Последен кој ја доби таа награда, пред доминацијата на споменатите двајца играчи беше Рикардо Кака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нани го прекина пензионирањето, се очекува пристигањето и на Пјаниќ

Нани, португалскиот фудбалер, реши да стави крај на двегодишното пензионирање и повторно д…