Фудбалерите на Барселона беа толку убедени дека ќе играат финале во ЛШ и дека лесно ќе се прошетаат во реваншот на Енфилд.
Барса очигледно сметаше дека предноста од 3:0 е недостижна за Црвените, но на крајот не испадна така и доживеа вистинска бламажа во реваншот.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Ливерпул на крајот славеше со 4:0 и се пласираше во финалето, а еден новинар се сети на бетувањето кое го даде Артуро Видал после првиот натпревар.
После тој натпревар го прашаа за евентуален пресврт на Ливерпул, а тој одлучи на интересен начин да одговори.
„Ако Ливерпул се пласира во финалето ќе го донирам левиот тестис, а десниот ќе го поклонам на навивачите на Реал Мадрид кои го поддржуваат Ливерпул.“ – изјави Чилеанецот.