Дома Трансфер зона Зидан не се откажува од Погба, но…

Зидан не се откажува од Погба, но…

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан имал разговор со агентот на Пол Погба, Мино Раиола, пренесуваат француските медиуми.

Медиумот открива дека Зидан сам ја иницирал таа средба за да го убеди Раиола дека не се откажал од Погба и дека играчот на Манчестер Јунајтед е се уште во неговите трансфер планови.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Зидан се обидува да го донесе својот сонародник во Мадрид веќе подолго време, Погба е отворен за преселба на „Сантиаго Бернабеу“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.

Англиските медиуми пренесуваат дека Погба ова лето за сите заинтересирани клубови ќе биде „невозможна мисија“ бидјќи Јунајтед поставил висока цена.

Имено, „црвените ѓаволи“ ќе се согласат да го пуштат само доколку пристигне понуда од 145 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…