Дома Фудбал Зидан: Модриќ и Роналдо се играчи на кои не можете да им додадете нешто ново

Зидан: Модриќ и Роналдо се играчи на кои не можете да им додадете нешто ново

0

Во поголемо интервју за „Отро“ Зинедин Зидан зборуваше за својата тренерска кариера во која сега одново е тренер на Реал Мадрид, тим со кој претходно освои три шампионски титули во Европа.

Зидан пристигна во Мадрид откако неговите претходници Јулиен Лопетеги и Сантијаго Солари не успеаа да го задржат клубот на ниво на кое тој го остави кога си замина.

„Јас сум поинаков тип на тренер. Всушност сум необичен тренер, барем јас така мислам. Она што најмногу ми се допаѓа во мојот пристап е што јас не им кажувам на Модриќ и Роналдо како се игра фудбал. Не е важно кој ќе биде нивни следен тренер, но никој на Модриќ и Роналдо не може да им додаде нешто ново. Секогаш сакав да покажам дека тие се повеќе од фудбалери и прекрасно е да се создаваат победнички спомени, тоа е нешто што засекогаш ќе го носите со вас“, изјави легендарниот Французин.

Потоа објасни зошто ја сака тренерската работа.

„Поради тимскиот дух. Некои други се обидуваат инидивудално да ги подигнат играчите, но јас не. Сакам да им покажам дека има и друг начин да се дојде до победата“, порача Зидан.

Зидан смета дека Меси, Роналдо и Нејмар се играчите кои најмногу сакаат да победуваат, а една од најважните причини за успех според него е високото ниво на мотивација.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ги претстави гостинските дресови – фановите воодушевени

Арсенал денес и официјално ги претстави гостинските дресови за новата сезона, кои се израб…