Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: За нас финалето е утре, сакаме да бидеме први во групата!

Зидан: За нас финалето е утре, сакаме да бидеме први во групата!

Реал Мадрид утре ќе ја пречека Борусија Дортмунд во рамките на Лигата на шампиони, а Зидан овој натпревар го најави како финале бидејќи „кралевите“ мораат да победат за да го обезбедат првото место во групата.

„За нас овој натпревар е финале. Играме дома и сакаме да одиграме голем натпревар. Нема никакви калкулации и размуслувања, сакаме да бидеме први во групата“, изјави Зидан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се сметам себе си за среќен човек. Го работам она што го сакам и тоа во голем клуб. Но, тоа не е само среќа, има многу работи и страсти. Јас го сакам фудбалот. Што се однесува до противникот, Борусија е многу организиран тим. Имаат тим кој е гладен за успех и секогаш сака да победува“, заклучи Зизу и на крајот прокоментира за својот тим.

„Сите се спремни освен Бејл. Разбирам дека ве интересира и статусот на Хамес Родригез, а тоа е и нормално кога не игра на секој натпревар. Сепак, Хамес е многу важен играч за нас како и сите останати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…