Некој во Бразил претставувајќи се како Нејмар на нелегален начин се обидел да дојде до пари.
Наводно личноста илегално поднела пријава и во име на Нејмар барала од тамошната влада 120 долари како дел од помошта за рабодниците со ниски примања во текот на пандемијата со коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Името, датумот на раѓање и матичниот број на ѕвездата на ПСЖ се искористени за добивање помош од бразилската влада во износ од 120 долари“, пренесуваат медиумите во Бразил.
Владата во Бразил одобри план за помош на Бразилците со ниски плати и тоа некој очигледно сакал да го злоупотреби. Интересно е што прво барањето како што се пишува било одобрено, но подоцна поради сомневање било ставено во категоријата на оние кои дополнително ќе се проверуваат.
Бразил инаку е една од најзагрозените земји во светот од коронавирусот и се трета држава во светот по бројот на смртни слчаи.