Дома Фудбал Останато За многумина оваа изјава на Мурињо е најава за тоа кој ќе биде неговиот иден клуб

За многумина оваа изјава на Мурињо е најава за тоа кој ќе биде неговиот иден клуб

0

Жозе Мурињо најави враќање на тренерската работа во текот на летото.

Иако португалскиот стратег се поврзува со многубројни клубови, се уште не е познато каде ќе го продолжи својот тренерски пат кој го прекина во декември минатата година.

Тогаш Манчестер Јунајтед го отпушти поради слабите резултати. Една од можните наредни дестинација на Мурињо е Пари Сен Жермен.

Сега Мурињо привлече внимание со интервјуто за „Л’Eкип“ во кое испрати огромни пофалби на сметка на клубот од Париз. Голем дел од спортските медиуми овие пофалби на Мурињо ги протоколкуваа како најава на Португалецот дека ќе седне на тренерското столче во Париз.

„ПСЖ денес е клуб со интернационална димензија имаат играчи од светска класа. Се уште не освоија ништо во Европа, но тоа не е толку важно. Би ги споредил со менаџерите кои имаат голем квалитет, но не освоиле ништо во Европа и тоа им недостига. Во Франција осцојуваат, како Јувентус или Баерн во своите земји“, истакна Мурињо.

Потоа зборуваше за елиминацијата на ПСЖ од Јунајтед.

„Не сакаме премногу да објаснувам, но сметам дека знам зошто испаднаа. Меѓутоа сега нема да правам јавни анализи“, истакна Мурињо.

Ќе потсетиме медиумите во Франција неколку дена наназад пишуваат за тоа дека раководството на ПСЖ не е задоволно од Томас Тухел и најавуваат промени на клупата.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…