Грузиецот Квича Кварцкелија е еден од фудбалерите кои се желба на Барселона во летниот преоден рок, меѓутоа поради финансиската криза во каталонскиот гигант тешко е да дојде до реализација на овој трансфер.
За потенцијалниот трансфер на Кварцкелија зборуваше неговиот татко Бадри кој не само што не очекува неговиот син да потпише за Барселона, туку вели и дека воопшто тешко би дошло до трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Задоволен сум со Скудетото кое го освои со Наполи, мојот Квича имаше огромен придонес. Им благодарам на Италија и Неапол што го дочекаа на тој начин и што го ценат како човек и фудбалер.
За тоа дали ќе замине или ќе остане може да зборува само тој, но според моето мислење ќе продолжи да го носи дресот на Наполи“, изјави таткото на грузискиот фудбалер.