Дома Фудбал Останато За да го врати во Барселона Чави му поставил три услови на Лапорта

За да го врати во Барселона Чави му поставил три услови на Лапорта

Чави Ернандез е новиот тренер на Барселона и пред медиумите ќе биде промовиран во понеделник.

Легендата на Барселона се враќа на „Ноу Камп“ после одличниот период како тренер на Ал Сад во Катар. За да го доведе Барселона требаше да ја плати откупната клазула од пет милиони евра, а се најде компромис самиот Чави да плати половина од сумата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шпанецот брзо се договори, иако поставил неколку услови. Шпанските медиуми пишуваат дека Лапорта прифатил три услови.

Чави побарал комплетно да се промени медицинскиот тим и да се врати Рикардо Пруно кој таа должност во Барселона ја извршуваше 25 години. Вториот услов бил да го земе со себе стручниот штаб од Ал Сад и како последно во јануари да му бидат доведени барем две-три засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн има страшен старт на сезоната – девет победи на девет меча!

Баерн Минхен ја започна сезоната на фантастичен начин – со максимален ефект во сите …