Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски блеска во дресот на Палермо, па го привлече вниманието на многу поголеми клубови во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Несторовски веќе има постигнато 6 гола за Палермо и сигурно е едно од најголемите откритија во Серија А, а денес претседателот Зампарини им порача на заинтересираните клубови воопшто да не се обидуваат бидејќи Македонецот не е на продажба.
„Тргнете ги рацете од Несторовски, тој не е за продажба. Игра добро како што предвидов, Несторовски е наш играч и воопшто не ни размислуваме да му поставиме трансфер цена зошто не сакаме да го продадеме. Тој ќе продолжи да го носи нашиот дрес. Неколку клубоби ме контактираа и на сите им реков не, напаѓачот има четиригодишен договор и е среќен во Палермо. Несторовски ќе биде со нас најмалку уште три години“, изјави Зампарини за „Кориере Дело Спорт“.