Дома Фудбал Останато Закани по телефон, навредување пред домот…Мајкл Оливер и сопругата немаат мир по контроверзниот пенал!

Закани по телефон, навредување пред домот…Мајкл Оливер и сопругата немаат мир по контроверзниот пенал!

Британската полицијата ги истражува заканите упатени кон сопругата на фудбалскиот судија Мајкл Оливер (33) кој е во центарот на вниманието на јавноста веќе неколку дена поради досудениот контроверезен пенал во ¼ финалето помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.

Оливер во третата минута од судиското продолжение досуди пенал за „кралевите“ кој во погодок го претвори Кристиано Роналдо и со тоа на Реал му обезбеди пласман во полуфиналето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот судија доби жестоки критики од целиот фудбалски свет, но одредени медиумите пренесуваат дека критиките отишле предалеку и прераснале во закани. Англичаните тврдат дека сопругата на Оливер, Луси добила смртни закани откако на друштвените мрежи бил објавен нејзиниот телефонски број.

Покрај заканите преку телефон, се наведува и дека доцна во ноќта група на револтирани фанови тропале на вратата од нивниот дом и ги навредувале со се што им паднало на памет.

Треба да се истакне дека како и нејзинот сопруг и Луси Оливер е судијка, таа суди натпревари на фудбалерки од пониските лиги во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го „блиндира“ Педри

Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интер…